„Она што ВМРО-ДПМНЕ не сака да им го признае на своето членство е дека уставните измени остануваат обврска. Европската комисија не рече дека ние сега ќе ги тргнеме уставните измени на страна. Не. Европската комисија вели дека треба да продолжите и да ги направите уставните измени за да продолжите со преговорите. Една обврска која не завршува со овој парламентарен состав и со оваа влада и е нешто што треба да се случи. Ако не се случи со овој парламентарен состав, ќе мора да се случи со следниот,“ истакна Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура и потпретседателка на СДСМ во емисијата Топ Тема на ТВ Телма.
Таа рече и дека е разговарано со секој политички чинител кој може да донесува одлука.
„Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ веќе и на дело е докажано дека едно кажува во јавноста, а друго во странските амбасади. Меѓутоа мислам дека досега требаше да и биде јасно на целата јавност дека се она што ветија, кажаа, дека ќе репреговараат некој процес, дека ќе донесат подобар француски предлог, мислам дека не остана ниту еден висок политичар од европска земја и не застана пред точно пред пратениците и да каже дека ова е најдобриот предлог кој го имате затоа што ниту една од тезите на на ВМРО-ДПМНЕ не се оствари и ова останува на овој или следен парламентарен состав,“ рече Костадиновска Стојчевска.