Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров од поширокиот список пријавен во ЕХФ со 35 играчи, денеска ја направи првата потесна селекција на играчите со кои ќе настапат „црвено-жолтите“ на ЕП-2024 во Германија. Лазаров одбра 19 ракометари кои ќе бидат костурот на репрезентацијата и осумина остави на резерната „клупа“.
Првиот собир на репрезентативците е закажан за во среда на 20-ти декември, а по прозивката во хотелот „Александар Палас“ ќе биде означен старт на подготовките за Европското првенство.
Македонија на ЕП ќе игра во група со: 10 јануари – Македонија-Франција 18.00 часот
14 јануари – Македонија-Германија 20.30 часот
16 јануари – Македонија-Швајцарија18.00 часот
На списокот се најдоа следните ракометари: