Енергетскиот потенцијал во Македонија е огромен. Македонија може да биде главен снабдувач на електрична енергија од обновливи извори. Ова се ставовите на еминентни професори, предавачи, но и луѓе кои се занимаваат со оваа област надвор од Македонија.
На настанот организиран од Sun Sharing, поддршка на заедниците за соларна енергија во ЈИЕ, кој се одржа во Скопје, имав можност да поразговарам со претставник од Грција и од Хрватска, кои зборуваа за изобилството на сончеви денови и можности за производство на соларна енергија.
Според Хрватскиот модел, тие имаат развиено систем на производство на струја од фотоволтаици, но како што велат, нивниот капацитет е помал од капацитетот кој го има Македонија. Грција пак исто така има голема количина на фотоволтаични системи, а најмногу се користат во летниот период кога речиси секое домаќинство е независно во производството на струја.
Според нив, практиката треба да продолжи, но мора да се мисли и на производство на струја од отпад, односно Био гасни централи.
Потврда на капацитетот на Македонија за производство на струја стаса и од Регулаторната комисија за енергетика, водни ресурси и управување со комунален отпад, (РКЕ) која нотираше раст од 150% на инсталиран капацитет на во обновливи извори во единаесетте месеци оваа година, во споредба со минатата.
Според Марко Бислимовски, Македонија намали скоро 1/3 од увозот на струја и го произведува најголемиот дел од обновливи извори. Во периодот што следува се очекува зголемување на овие капацитети.
Игор Мицкоски