Во Министерството за одбрана денеска беше потпишана Рамковната спогодба помеѓу министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, со која за прв пат во македонската историја системски се решаваат предизвиците со навремена набавка на резервни делови, како и поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хелокоптери Ми-8/17, хеликоптерите Бел 206 и авионите 3лин 242Л.
Договорот е активен во следните пет години, односно до воведување во употреба на новите хеликоптерски платформи кои се планирани за набавка согласно Планот за модернизација на Армијата. Оваа Рамковна спогодба вреди 5 милиони евра.