Не отстапуваме од концептот „Повеќе за сите” – со социјалдемократски економски политики успеавме да ги вратиме парите кај граѓаните, објави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Ги покачивме платите за 35% за сите вработени во МВР од 2017 до денес
Исплативме 6 бонус плати за вработени во МВР
За неколку години успеавме да ја зголемиме минималната плата од 9.000 денари на 20.000 денари, успеавме просечната плата да ја зголемиме за 250 евра, успеавме просечната и минималната пензија да ги зголемиме за 50%
Нов пакет антикризни мерки, 9-ти по ред, во вредност од 662 милиони евра
Со членството во ЕУ овие бројки ќе бидат драстично, неколкукратно поголеми!
Одиме кон двојна победа на Европскиот фронт предводен од СДСМ против антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица!“ порача Спасовски.