Во рамки на програмата„ Seeing is Believing“ за градење на јавното разбирање за НАТО и отпорноста на Балканот, група новинари од Северна Македонија и Црна Гора престојуваат во Талин, каде во рамките на посетата Цивил Медиа направи кратко видео интервју со ко-директорот на проектот, Едвард Џозеф, експерт за управување со конфликти со петнаесетгодишно искуство на терен, како и предавач и аналитичар за надворешна политика. Во неговите десетина години поминати на Балканот, тој служел за време на војните во секоја земја погодена од конфликтот, вклучително и на задачи во Босна, Косово и Македонија.
ЦИВИЛ: Според Вас, кој е придонесот на помошта од сојузниците, првенствено од Соединетите Држави, за украинската борба за деокупација?
Џозеф: Западната помош предводена од Соединетите Држави е егзистенцијална за Украина. Не би можеле да го користите зборот важна, би морале да го користите зборот егзистенцијална, што значи, каде ќе беше Украина без оваа помош. А за Соединетите Држави, она што е толку интересно е што тоа што САД го обезбедуваа ги премина сите црвени линии. Значи, на почетокот она што Соединетите Држави го обезбедуваа беше многу ограничено. Сега, САД обезбедија дел од својата најнепредна опрема, вклучувајќи ја оваа ракета ХИМАРС. Тоа е артилеријата ХИМАРС што може да ја користи таа специјална ракета наречена АТАКМС, што има неверојатен домет од 300 километри, со точност до 10 метри. Значи, ова е навистина она за што зборуваме и тоа е видот на опрема што САД и нивните сојузниц ја обезбедуваат, има и тенкови, но ова сé уште не е доволно. Сé уште не е доволно од сé она што ѝ е потребно на Украина. Тоа е голем дел од она што ѝ е потребно, но не сé што и треба. А Украина и понатаму ќе има потреба од оружје, дури и помалку софистицирано оружје, само обични артилериски гранати, само обични артилериски гранати што ќе можат да ги користат во ова војна, која комбинира напредни тактики и некои многу стари тактики.
ЦИВИЛ: Како го оценувате учеството на Северна Македонија во безбедносната структура на НАТО и помошта која ја обезбедува на Украина?
Џозеф: НАТО е неверојатен пример за лојалност кон алијансата, лојалност кон Украина. Северна Македонија обезбеди толку многу опрема, далеку повеќе од нејзината големина за Украина и вклучува многу важен материјал, значаен материјал од воена вредност, вистинска воена вредност за Украина. Северна Македонија обучува украински војници, што е многу важно. Северна Македонија, исто така, е сто проценти конзистента во својот пристап кон поддршката на Украина, поддржувајќи ја позицијата на НАТО, но и на Европската Унија за тоа кој е одговорен за оваа војна, а тоа е Русија, и без никакво прашање за тоа. Значи, воено, тоа што Министерството за одбрана на Северна Македонија го обезбеди е многу важно за Украина.
Целото интервју на следниот линк на Цивилмедиа