Социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, Тик Ток има огромна улога во љубовните врски на младите, и води кон голема недоверба и љубомора која може да придонесе за завршувања на врските. Ова се резултатите од истражувањето „Улогата на Фејсбук во сентименталните односи на младите“ кое е спроведено во Хрватска.
Истражувањето опфатило 91 студенти по комуникологија, на возраст до 27 години.
Резултатите од ова истражување посочуваат дека за младите изгледало дека Фејсбук или Инстаграм им го олеснува одржувањето на врските, но дека за младите воопшто не е чудно како онлајн односите ја преземаат важноста над нашите животи.
Сепак, студентите во своите одговори често посочувале дека на нивните партнери им било поважно да бидат на Фејсбук или Инстаграм отколку да се гледаат во приватниот живот. Тие додале дека ако често не ставиш фотографија со својот партнер, тогаш често пријателите се сомневаат дека нешто не е во ред во вашата врска.
Дополнително, било утврдено дека и машките и женските го следат однесувањето на партнерот на Фејсбук, Инстаграм или Тик Ток, ги следат неговите пријатели, бившите врски и во таа смисла Фејсбук или Инстаграм станува потенцијално место за создавање конфликт во врските. Така, најчестите кавги за поттикнување љубомора во врската се коментарите и лајковите за личности од спротивниот пол, додавање пријатели или допишување и флертување со лица од спритивниот пол.
Според тоа, 61 % од испитаниците процениле дека Фејсбук или Инстаграм може да биде причина за прекин на љубовната врска, со што 60% истакнале дека познаваат личност која имала проблеми или ја прекинала врската поради таа социјална мрежа.
Поврзано со тоа, голем процент од машките истакнале дека побарале од своите девојки да им ја дадат лозинката од својот Фејсбук, Инстаграм или Тик Ток и дека не гледаат ништо лошо во тоа.
Експертите кои го спровеле истражувањето посочуваат дека љубомората е природна состојка на секој љубовен однос, но само ако ја има во умерени количини. Сепак, тие истакнуваат дека љубомората поради Фејсбук или Инстаграм е предизвикана од сопствениот страв дека постои опасност нивната сакана личност многу лесно може да најде нивна замена на оваа социјална мрежа.