Младиот Марко Давчев (29) од Струмица, веќе една недела е исчезнат.
За тоа објави и локалниот портал Струмица денес кој ги повикува сите кои имаат каква било информација, истата да ја споделат со полицијата.
Од МВР ја потврдуваат веста, истакнувајќи дека на 09.12.2023 година во Полициската станица Струмица Т.Д.(64) таткото пријавил дека од нивниот дом се оддалечил неговиот син М.Д. (29), кој бил со нарушено здравје.
„Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, информираат од МВР.