Првпат во македонската историја ќе се решат предизвиците со набавка на резервни делови за потребите на транспортни хелокоптери

Во Министерството за одбрана денеска беше потпишана Рамковната спогодба помеѓу министерката за одбрана Славјанка Петровска и чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, со која за прв пат во македонската историја системски се решаваат предизвиците со навремена набавка на резервни делови, како и поправка на делови и снабдување со потрошен материјал за потребите на транспортните хелокоптери Ми-8/17, хеликоптерите Бел 206 и авионите 3лин 242Л.
Договорот е активен во следните пет години, односно до воведување во употреба на новите хеликоптерски платформи кои се планирани за набавка согласно Планот за модернизација на Армијата. Оваа Рамковна спогодба вреди 5 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави