ЦУК: Изминатото деноноќие 1.654 повици на 112, имало и два пожара на отворено

Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи изминатото деноноќие имало вкупно 1.654 повици на Единствениот број за итни случаи 112 , а имало информации и за два пожара на отворено и покрај дождот и влажното време.  

„Реални“ повици за итни случаи на 112 во ЦУК биле 40.21 отсто, а 59. 79 проценти други, именувани како „неитни повици“, што биле за други потреби на граѓаните или едноставно не биле итни. Кон полиција биле упатени 51.49 отсто од повиците од 112 во ЦУК, кон Итната медицинска помош 39. 57 проценти, кон пожарникарите 3. 40 отсто, а кон АМСМ биле упатени  0. 46 проценти, соопштија утрово од ЦУК.

Повици за итни случаи што се за комбинирано решавање, кон Центарот за управување со кризи имало 5. 11 отсто од „реалните“, што секако заедно со другите 59. 79 проценти „неитни повици“ (1.048 вкупно), биле предмет на примање и обработка од дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација во ЦУК.

Од Регионалниот ЦУК Битола известуваат за два пожара на отворено.

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Битола вчера од 09:30 до 11:50 часот, со едно противпожарно возило и два пожарникара гаснеле запалена ниска шума, вегетација и багреми на патниот правец Битола – Охрид, кај село Ротино.

Од ЦУК информираат дека на вториот пожар на отворено интервенирале пожарникарите од ТППЕ Прилеп, во период од 16:20 до 19:40 часот, со едно противпожарно возило и три пожарникари, при што гаснеле запалено стрниште во реонот на селата селата Веселчани и Загорани.

Изминатото деноноќие, како што посочуваат од ЦУК, имало уште четри помали интервенции поради запалени оџаци, контејнери и електросповорни жици. 

Треба да знаете
Последни објави