Голем шок предизвика колабирањето на Том Локер за време на премиерлигашката фудбалска пресметка меѓу Борнмут и Лутон. Гостинскиот фудбалер Локјер паднал на теренот без никаков контакт, по што веднаш интервенирале медицинските екипи.
Локер беше пренесен во болница, а последните информации кои доаѓаат од Англија се добри. Играчот е свесен и е во добра состојба, а причините за колабирањето ќе се утврдуваат во периодот кој следи. Локер вторпат колабира во кариерата на терен. Претходно тоа беше во плеј-офот на Чемпионшип, по што му беше направена операција на срцето, а лекарите дадоа зелено светло тој да ја продолжи кариерата.
Мечот меѓу Борнмут и Лутон Таун е прекинат при резултат 1-1 и нема да продолжи. Судиите и капитените на двата тима ја донесоа оваа одлука, а ќе се доигра во нов термин.
Локер има 29 години и е капитен на Лутон во првата премиерлигашка сезона во историјата на клубот.