Македонија ЃП ослободи четворица играчи

Само една недела по завршувањето на есенскиот дел од прволигашката фудбалска сезона на домашната сцена, тимот Македонија Ѓорче Петров соопшти дека ја прекинува соработката со четворица играчи. Договорите се раскинати со Андреј Јаго, Ристе Темелков, Филип Алексовски и Кристијан Стојкоски, по што ќе треба да си побараат нови средини. Прволигашот од Ѓорче Петров првиот дел го заврши на десеттото место со 18 бодови, односно со само еден бод повеќе од најзагрозените во битката за опстанок, Брегалница и Вардар кои се на двете последни позиции.

Треба да знаете
Последни објави