Манчестер сити прими гол во 95 минута од пенал и остана без триумф против Кристал Палас

Актуелниот англиски фудбалски првак Манчестер сити во минатото коло прекина серија од три натпревари без победа во Премиер лигата, а денеска во 17. коло пак не победи. Избраниците на тренерот Пеп Гвардиола прокоцкаа предност од 2:0 против Кристал Палас, откако во петтата минута од судиското продолжение гостите постигнаа гол од пенала за 2:2.

Џек Грилиш на асистенцијата Фил Фоден во 24 минута ја затресе мрежата на гостинскиот тим. По десетина минути игра во вториот дел Рико Луис зголеми на 2:0 по што се очекуваше „граѓаните“ да прокништа три бода.

Кристал Палас не се откажаа. Матета во 76 минута намали на 2:1, а Олис од пенал го матираше Едерсон за конечни 2:2..

Со овој бод Сити има 34 бода и се наоѓа на четвртата позиција, Тотенхем на една позиција подоле е на 33, додека на првите три позиции се Ливерпул (37), Арсенал (36) и Астон Вила (35).

Треба да знаете
Последни објави