Во соседна Србија одекна како бомба веста дека еден од најдобрите вокали Марија Шерифовиќ, кој на северниот сосед му донесе и победа на Евровизија, стана мајка ! Синот Марио го родила на 2 декември сурогат мајка во САД. Ова слатко задоволство Марија ја чинело до 190.000 долари !
Шерифовиќ се огласи од Америка каде моментално е со синот Марио.
– Малку останав без зборови… За прв пат во животот! Ви благодарам што ја споделивте радоста со мене! Гледам дека сите сте шокирани, затечени и во неверување… Ова докажува само едно дека имам пријатели кои се злато вредни. Фала што сте тука од првиот ден. Фала што ја поддржавте мојата одлука. Фала што ме туркавте напред тогаш кога и сама на момент застанав. Фала што ја чувавте оваа тајна. Ова никогаш нема да ви го заборавам! Многу пати реков, но ќе повторам и сега…Под моите крилја за вас секогаш ќе има место и додека одам, стојам и постојам, се што е мое е и ваше. А сега одам да матам млеко – напиша Марија на Инстаграм.