Актуелниот италијански фудбалски првак Наполи им се врати на победите откако пред своите навивачи го совлада Каљари (2:1) во 16. коло од Серија А. Наполитанците го скршија отпорот на гостите во 69 минута со погодокот на Виктор Осимен но радоста им беше куса. По само три минути гостите од Сардинија преку Паволети израмни (1:1).
И радоста на гостите не траеше долго, по три минути, во 75 минута, се тресеше нивната мрежа по вторпат. Осимен повторно беше во главната улога. Си жонглираше во казнениот простор на гостите, ја „измеша“ одбраната и го проигра Квича Кварачкелија кој со силен шут ја затресе мрежата на Каљари за ново водство од 2:1 за Наполи, што на крајот беше и конечен резултат.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не настапи во тимот на Наполи поради повреда. Наполи со овој триумф се проби на четвртото место во Серија А, додека Каљари останува на 16. место.
Во оваа рунда и Лече ја искорсити предноста на домашниот терен за да го совлада Фросиноне со 2:1. Пиколи и Рамадани стрелаа Лече, а за гостинот единствениот погодок беше дело Кајо Жорге од пенал.