Поради сообраќајна незгода, возилата на патот Кичево – Гостивар се движат по една коловозна лента

Сообраќајна несреќа на патниот правец Кичево-Гостивар предизвика прекин во нормалното движењето на возилата, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Несреќата се случила кај местото викано „Тајмишка раскрсница“ и од 15 часот сообраќајот на овој патен правец се одвива наизменично по една коловозна лента.

Од ЈП „Македонија пат“ очекуваат брза нормализација на сообраќајот. 

Од АМСМ, како и од „Македонија пат“  велат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон02 25 61 502

Треба да знаете
Последни објави