Бразилскиот госпел пејач Педро Хенрике (30) паднал за време на настапот пред публиката и починал на лице место од срцев удар, се вели во официјалниот извештај.
Во средата, Педро Хенрике доживеа срцев удар на сцената и почина. Тој ја изведе песната „Vai Ser Tao Lindo“ на религиозен настан кој се пренесуваше во живо на социјалните мрежи.
Членовите на бендот се обиделе да му помогнат веднаш по падот, но кога бил пренесен во болница, констатирано е дека починал. Издавачката куќа на Хенрик, „Todah Music“ изјави за медиумите дека Педро доживеал голем срцев удар.
Пред да излезе на сцената, како што пренесуваат тамошните медиуми, Педро „на шега“ се пожалил дека се чувствува уморен.
Педро зад себе ги остави сопругата и едномесечната ќерка.