Бучковски: Пред 18 години направивме чудо, ВМРО-ДПМНЕ направи од готово вересија

Го изгубивме патот кон ЕУ, а бевме тандем со Хрватска и беше проектирано заедно да влеземе во ЕУ до 2012 година!!!“, вели Бучковски. 

Како потсетување на денот кога Македонија пред 18 години доби кандидатски статус за членство во ЕУ, Владо Бучковски за НоваТВ вели дека преземањето на власта од ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година и катастрофалните политики на антиквизација го уназадија процесот на евро интеграцијата која можела да се случи и во 2012 година.

„Што направивме пред 18 години? ЧУДО!!! Добивме кандидатски статус за влез во ЕУ само 4 години по воениот конфликт и Охридскиот рамковен договор станавме лидери на државите од Западен Балкан!
Промената на власта во 2006 година беше катастрофа за нашиот евроатлантски интегративен процес! Направивме од готово вересија!!! Не станавме членки на НАТО во 2008 та, заради антиквизацијата и погрешните политики на тогашното лидерство на ВМРО ДПМНЕ. Го изгубивме ипатот кон ЕУ, а бевме тандем со Хрватска и беше проектирано заедно да влеземе во ЕУ до 2012 година!!!“, вели Бучковски.

Тој алармира дека ова е повеќе потсетување за помладите и оние кои сега станаа полнолетни, а се родени кога бевме Лидери во регионот и на чекор до НАТО два- три чекори до ЕУ!!! „Заклучокот е јасен…”кој го тоа направи”-НАРОДОТ на избори!“, вели тој.

Поминаа цели 18 години откако на 17 декември 2005 година претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија ѝ додели статус на кандидат за членство во Европската Унија. Доколкупогледнеме наназад низ годините, имајќи го сиот почетен оптимизам тогаш, можеше да станеме дел од ЕУ многу порано. Фактите говорат дека долгогодишниот спор со Грција и тенденциозната антиквизација на Македонија во периодот од 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ и институционалното уназадување, заробената држава и уништувањето на демократијата што ги предизвика режимот на Никола Груевски, ни одзеде скапоцено време.

Треба да знаете
Последни објави