Резултатите ќе бидат подобри од проценките, изјави српскиот претседател и член на СНС Александар Вучиќ за новинарите во изборниот штаб на СНС.
Не можам да кажам ништо за Белград, бидејќи во Белград не е преброено ниту едно гласачко ливче – рече Вучиќ во краткото обраќање.
Изборите во 2023 година се одржуваат нешто повеќе од една и пол година по претходните парламентарни, градски и претседателски избори, кои се одржаа на 3 април 2022 година. Според податоците на Републичката изборна комисија (РЕК), конечниот број на избирачи со право на глас на парламентарните избори е 6.500.666.