Путин: Еднаш засекогаш – Русија нема намера да ги напаѓа земјите на НАТО!

Лидерот на Кремљ Владимир Путин изјави дека тврдењето на американскиот претседател Џо Бајден дека Русија ќе нападне земја на НАТО ако победи во Украина е целосна глупост, а за влезот на Финска во НАТО, тој рече дека тоа ќе ја принуди Русија да „концентрира одредени воени единици“ во северот, близу границата.

Во интервјуто емитувано на руската државна телевизија, тој додаде дека Русија нема интерес да се бори со НАТО алијансата.

Во молбата до републиканците да не ја блокираат понатамошната воена помош претходно овој месец, Бајден предупреди дека ако Путин победи во Украина, Русија ќе нападне земја на НАТО.
Бајден не обезбеди докази за таквите тврдења.

„Тоа е целосна глупост – и мислам дека претседателот Бајден го сфаќа тоа“, рече Путин.

Тој додаде дека тоа е обид на Бајден да ја оправда својата „погрешна политика“ кон Русија.

„Русија нема причина, нема интерес – нема геополитички интерес, ниту економски, политички или воен – да се бори со земјите од НАТО“, рече рускиот претседател.

На прашањето како да се најде заеднички јазик со Западот со оглед на реториката на двете страни, Путин рече: „Тие ќе мора да најдат заеднички јазик бидејќи ќе мора да се пресметаат со нас“.

Треба да знаете
Последни објави