Владата на Нетанјаху незадоволна од американската поддршка

Екстремно десничарските партии во владата на Бенјамин Нетанјаху не се задоволни од економската и воената поддршка што американската администрација на претседателот Џо Бајден му ја понуди на Израел.

Партиите ја осудија американската политика кон Газа и рекоа дека Вашингтон се обидува да наметне диктат на израелската влада. Тие ја обвинија администрацијата на Бајден дека се обидела „да ги принуди Израелците на самоубиство со формирање на палестинска држава и обид да ги спречи да ја платат цената за масакрот на Хамас врз луѓето во Газа“.

Екстремната десница му кажува на Вашингтон дека Израел сега има ретка можност.

-Со гордо враќање на нашите војници на нашите позиции на југ, ние мора целосно, суверено и морално да се вратиме во Газа – рекоа Надија Матар и Јехудит Кацовер, основачи на Движењето за суверенитет.

Матар и Кацовер, познати по насилните протести на доселениците пред 30 години, напишаа дека „сега треба да се подигнат илјада израелски знамиња на клучните позиции во Појасот Газа, заедно со знамињата херојски подигнати од нашите војници кои војуваат таму“.

Исто така, екстремно десничарскиот министер за финансии Безалел Смотрич го изрази своето незадоволство од американската политика кон Газа. Тој рече дека Израел „е независна земја која управува со себе, ги знае сопствените интереси и не сака пријателите да се мешаат во нашите работи“.

Треба да знаете
Последни објави