Во Призрен три лица загинаа додека гледале автомобилска трка на автопат

Три лица загинаа синоќа на автопатот во Призрен додека гледале трки со автомобили, соопшти полицијата.

Како што е наведено, еден од возачите наводно изгубил контрола над автомобилот и удрил во луѓето кои ги следеле трките, пренесе Коха.

Од ударот три лица го загубиле животот, а три се повредени и испратени на лекување, се наведува во соопштението.

Осомничениот е приведен.

Треба да знаете
Последни објави