Израел користи вештачка интелигенција за избор на целите во Газа

Израел гаѓаше над 20.000 цели од почетокот на интервенцијата во Газа. Израелските одбранбени сили објавија дека вештачката интелигенција, која ги препознава непријателите и нивната инфраструктура во реално време, им помага да изберат цели. Според Израелците, бројот на цивилни жртви е многукратно намален благодарение на „госпел”, како што се нарекува програмата.

-Изгледа како израелските сили да имаат за цел да постигнат што е можно повеќе уништување. Ако вештачката интелигенција дава резултати, како тие ја објаснуваат оваа голема штета, праша Луси Шуман, антрополог од Универзитетот Ланкастер во Велика Британија.

Според експертите, вештачката интелигенција не може да управува со изборот на цели, вклучувајќи ги и луѓето. Освен етичкото прашање дали машината може да одлучува за животот на една личност, тука е и проблемот со функционалноста на вештачката интелигенција.

-Алгоритмите за вештачка интелигенција се полни со грешки. Ова е случај и со програмите кои бараат сигурност и прецизност. Потребни се години за да се исчистат грешките, па дури и тогаш не можете да бидете целосно сигурни, објасни Хајди Клоф, експерт за програмирање.

Суштината на користењето на вештачката интелигенција во војување е брзината. Компјутерските програми ќе им обезбедат на командантите повеќе информации за непријателот за да можат да донесат најдобра можна одлука и побрзо да издаваат наредби.

-Ќе донесеш одлука побрзо од непријателот. Сè се сведува на тоа, вели Роберт Ешли, поранешен шеф на разузнавачката агенција.

Споменатиот „госпел“ е управуван од единицата 8200. Јавноста слушна за таа програма во 2020 година, кога доби награда за иновација. „Госпел” го прави и обезбедува она што некогаш го правеше група разузнавачи. Тој го прави тоа побрзо и неговата цел е да му предложи цели на воениот аналитичар.

Треба да знаете
Последни објави