Каевски: Единствен кочничар на државата е коалиција на ДПМНЕ и Левица

Единствен кочничар на државата е анти-ЕУ и анти-НАТО коалиција на ДПМНЕ и Левица. Иако имаме успешен скрининг, иако имаме силна поддршка во Унијата и отворени врати, поради активната блокада на Мицкоски и Апасиев во македонското Собрание не започна процесот на отворање поглавја вели пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски.

– Виновникот има име и презиме: Мицкоски и ДПМНЕ. Мицкоски ги понижи македонските граѓани и македонскиот народ. Откако пропаднаа и сите лаги со кои што го плашеа македонскиот народ, дека некој ќе ни го смени идентитетот, дека ќе сме се асимилирале и бугаризирале. Сега на граѓаните им е кристално јасно: со ДПМНЕ и Левица нема Европска Унија, нема иднина. СДСМ се профилира како партија којашто единствена го брани националниот интерес на македонскиот народ да биде дел од големото европско семејство, признаен и почитуван, вели Каевски.

Треба да знаете
Последни објави