Циркуларна економија, затворен систем на создавање пари преку преработка на отпад и големи грантови за вакви иновации и стојат на располагање на Македонија. Според информациите, до сега во Македонија се направени две приватни електрични централи кои работат на Биогас, односно преработка на биомаса.
Според некои информации, Македонија им количина на отпад која може да ја преработи, но поради несовесното селектирање, таа завршува во депонии, иако од истата може да се произведе струја, па дури и истата да се продава во вечерните часови, а да се заштити околината.
При посетата на една компанија, која одгледува живина, имавме прилика да се запознаеме со процесот на производство на електрична енергија. Како што ни беше соопштено, благодарение на отпадот тие си произведуваат струја, а патем и обезбедуваат високо квалитетно ѓубриво.
Во разговор со експерти од оваа област, добивме информација дека за развој на циркуларната економија, односно нула отпад, програма развива и министерството за економија. Во моментов, тим од експерти работат на решение за циркуларна економија, кое ќе значи намалување или елиминирање на отпадот и користење на истиот во процеси за производство на струја или ѓубриво.
Како што бевме информирани, најголем проблем во Македонија е немањето информација, колку реално отпад се фрла. Големите компании до некаде пријавуваат и водат некаква евиденција, но нема податоци за отпадот од помалите фирми или граѓани, каде и како го фрлаат отпадот. Немањето култура за рециклирање отпад е втор проблем со кој се соочува македонското општество. Според анализите кои се уште се во фаза на истражување, може да се забележи дека во Македонија често се фрла отпад кој може да се преработи во енергија и ѓубриво, а се фрла и отпад од комуналните претпријатија кој е биоразградлив (кроење на гранки, сечење дрва по улици, чистење зеленило покрај пат итн.).
Според последните истражувања, нашата држава мора да развие систем кој ќе овозможи правилна селекција на отпад, а повторно според информациите, експертите од приватниот сектор и експерти од оваа област веќе работат со министерството за економија за надминување на овој проблем.
Според некои информации, доколку се продолжи процесот во кој е влезено со голем ентузијазам, може да се случи Македонија во скоро време да биде пионер, а можеби и да прерасне во лидер на Западен Балкан со решение за циркуларна економија.
Игор Мицкоски