Најмалку 61 мигрант, меѓу кои и жени и деца, се удавија во бродолом крај Либија, објави Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во Либија.
Организацијата на платформата Х објави дека, според изјавите на преживеаните, на бродот имало околу 86 лица и дека бродот тргнал од либискиот град Звар.
Во последниве години, Либија е доминантна транзитна точка за мигрантите од Африка и Блискиот Исток кои се обидуваат да стигнат до Европа.