Поплави во Австралија, евакуирани илјадници луѓе

Австралиските власти побараа од илјадници жители на државата Квинсленд да се преселат на повисоките места поради опасноста од поплави предизвикани од обилните дождови.

Властите на австралиската држава Квинсленд објавија дека се поплавени одредени области во предградијата Карбс, туристичка дестинација со околу 170.000 жители, која се наоѓа на околу 1.700 километри северно од главниот град Бризбејн.

– Во тоа подрачје можни се нови поплави бидејќи се наближува плимата и новите врнежи. Локалните жители треба да одат на повисоки места – објави Противпожарната и итната служба на државата Квинсленд.

Поплавите се предизвикани од дождовите од тропскиот циклон „Џаспер“, кој го зафати регионот во текот на неделата, а без струја остави десетици илјади луѓе. Затоа е извршена евакуација.

Австралиската метеоролошка служба најави опасни поројни поплави во Кернс бидејќи нивото на водата во текот на денот може да го надмине рекордот од 4,1 метар, колку што беше во 1971 година.

Треба да знаете
Последни објави