Трет украински камионџија умира на блокадата на полската граница, организирана од полските камионџии, јави украинската јавна телевизија Суспилне.
Цитирајќи официјален претставник на Украинската меѓународна асоцијација на транспортери, телевизијата објави дека на возачот му се слошило на преминот Кракивец-Коршова, што е една од четирите точки зафатени од протестите.
Суспилне додава дека минатиот месец на блокадите веќе починаа двајца други возачи на камион.
Полските камионџиите протестираат затоа што украинските возачи им ги намалувале нивните цени за превоз на стоки.
Киев тврди дека поради обемот на воен сообраќај, системот за издавање дозволи за камиони не е изводлив.
Полските возачи ги блокираат премините уште од 6 ноември, барајќи од Европската унија да го врати системот што бара од украинските компании да обезбедат работни дозволи, како и од европските камионџии да влезат во Украина.
Еден од премините, Јаходин-Дорохуск, оваа недела повторно беше отворен за сообраќај, но може повторно да биде затворен откако судот пресуди дека полскиот градоначалник не може да им забрани на возачите на камиони да одржуваат протести во неговата општина.
Камионџиите најверојатно таму ќе го продолжат протестот уште утре.