Русија ќе биде суверена и самодоволна сила, инаку повеќе нема да постои“, рече Путин на конгресот на „Единствена Русија“ организиран за поддршка на неговата кандидатура.
Путин рече дека Русија не може, како некои земји, „да се откаже од својот суверенитет во замена за неколку колбаси и да стане нечиј сателит“.
Обвинувајќи го Западот дека сака да ја „урне руската економија и социјалната сфера“, Путин ги повика „патриотските сили“ на земјата да ги здружат силите во справувањето со „историските задачи“ што се пред Москва.
„Заедно со рускиот народ го браниме суверенитетот, слободата, безбедноста на Русија, се што ни е драго, нашата историја, нашата култура, нашите вредности и нашите традиции“, додаде тој.