Турскиот национален авиопревозник „Туркиш ерлајнс“ неделава објави дека во следната деценија ќе нарача вкупно 355 авиони од европскиот производител Ербас.
Планот е дел од напорите да стане најголемата авиокомпанија во светот. Компанијата не откри подетална временска рамка за купувањето.
Според авиокомпанијата, тие веќе нарачале 230 авиони, а имаат обезбедено право на првенство за купување на дополнителни 125. Ербас објави дека авиокомпанијата склучила нарачка за 220 авиони. Причината за оваа разлика не е позната.
Со оглед на желбата на турските власти нивната земја да биде меѓународно позната како Туркије, превозникот исто така треба да се преименува во „Türk Hava Yollari“.