Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:
Нашата цел како Влада е да стимулираме зголемено домашно производство на земјоделски производи, но и вреднување на трудот на земјоделците, порача во Струмица потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.
На трибината „Повеќе за сите”, Битиќи рече дека заедно, сплотени, ги надминавме предизвиците и ја зачувавме економската сигурност на сите, и сега преку финансиската помош со новите антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра ги поддржуваме граѓаните, младите, студентите, учениците, пензионерите, ранливите лица, компаниите во овие кризни времиња.
Потпретседателот на СДСМ, Битиќи, рече дека една од главните цели на пакетот антикризни мерки е да издејствува зголемено домашно производство на земјоделски производи.
„Нашата цел е зголемено домашно производство на земјоделски производи, но и вреднување на трудот на земјоделците. Со новиот пакет е предвидена авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата, и тоа за 40.000 земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и кои се занимаваат со сточарството. За оваа мерка предвидени се 8,1 милиони евра”, рече Битиќи.
Потпретседателот Битиќи посочи дека од независноста до денеска, немало поголем антикризен пакет со толку голема финансиска помош кон граѓаните и компаниите.
„Ние во СДСМ сме горди на тоа. Само со 9 те пакети ние имаме над 2 милијарди евра пари вратено кај граѓаните. Но, кога велиме дека со СДСМ секој добива повеќе не мислиме само на антикризните мерки. Доколку се спореди со времето на ДПМНЕ нема сегмент во којшто СДСМ нема подобар резултат, и тоа драстично подобар. Повеќе за сите е и фактот што СДСМ ја покачи мини малната плата од 9.000 денари во времето на ДПМНЕ на 20.000 денари. Тоа е повеќе за сите, поголема минимална плата за 120%, од кога СДСМ е на власт. Повеќе за сите е и тоа што СДСМ ја зголеми просечната плата за 63,5% односно за над 15.000 денари. Во времето на ДПМНЕ просечната плата беше 22.000 денари, колку што изнесуваше во јануари 2016 година на сега е веќе 37.000 денари”, рече