Весело и разнобојно беше денеска на Клиниката за детска хирургија. Децата ги посети Дедо Мраз и ликови од омилените цртани филмови.
Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа денеска дечињата во рамките на традиционалниот настан „Да подариме насмевки“. Пепелашка, Медо, Спајдермен, Бетмен, беа дел од јунаците што се дружеа со децата.
Директорката на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ информираше дека во моментот на Клиниката се наоѓаат околу 80 дечиња.
„Организиравме настан со кој предизвикавме насмевки на детските лица, ги развеселивме и им подаривме новогодишни пакетчиња“ – изјави Нацева-Фуштиќ која рече дека Црвениот крст не ги заборава децата, особено оние во болница.
Арѓенд Чиљафи, координатор на Тимот за одговор при катастрофи при Црвниот крст на град Скопје, посочи дека по шести пат го организираат овој настан со учество на Тимот за спасување на планина при Црвениот крст на Скопје, поддржани од „Анимација Бамбино”.
– Настанот е од волонтерски карактер, рече Чиљафи, изразувајќи надеж дека ќе им се приклучат и други организации, со цел на што повеќе дечиња, да им се подарат насмевки.