Актуелниот претседател на Египет, Абдел Фатах Ал Сиси, убедливо победи на претседателските избори, освојувајќи 89,6 проценти од гласовите, соопшти денеска египетската национална изборна комисија. На тој начин тој го доби третиот последователен шестгодишен мандат.
Ал Сиси првпат победи на изборите во 2014 година, а беше реизбран во 2018 година, освојувајќи 97 проценти од гласовите и двата пати.
Изборите во Египет се одржаа во сенка на економската криза во земјата, како и војната во Појасот Газа.