Ковачевски: На изборите ќе се судрат два блока ЗА и против ЕУ, а ќе победи европскиот предводен од СДСМ

На изборте ќе се судрат два концепти, два блока кои природно се издиференцираа, едниот за интреграција во ЕУ и вториот против интеграција во ЕУ а ќе победи европскиот предводен од СДСМ и на претседателските и на парламентарните избори, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Студио 10″ на Телевизија 24.
-Кај нас природно се издеференцираа два блока. Едниот за интеграција на земјата во Европската унија. Вториот е против интеграцијата на земјата во Европската унија, каде што има две нијанси, едната нијанса е апсолутно против и другата нијанса е декраларитвно за, меѓутоа прави се да не влеземе во ЕУ и тоа прават цело време.  Затоа на изборите ќе се судрат ти два концепти. СДСМ повика на формирање на европски фронт, во кој ќе учествуваат политички партии без разлика на нивната етничка и идеолошка профилација, НВО, поединци, активисти.  Таа комбинација е апсолутно добитна, тоа го покажуваат сите анкети. Во 2024 година ќе имаме избори на кои прво ќе победи претседателскиот кандидат кој што ќе биде предложен од СДСМ, поддржан од прогресивна проевропска коалиција, а потоа и на парламентарните избори, кои се редовни прв пат после 17 години, рече претседателот Ковачевски.


80 проценти од граѓаните се за членство во ЕУ, бидејќи стандардот е поголем, социјалната заштита е многу посилна, демократијата е многу повисока, шансата за напредување е многу подобра,  тоа нас ни треба внатре во нашата држава, додаде Ковачевски.


Во Брисел имавме најјасен заклучок, Република Северна Македонија успешно го заврши скринигот и веднаш штом ќе ја заврши обврската за уставни измени, без одлагање ќе биде одржана втората меѓувладина конференција, потенцираше Ковачевски.


-Ние во 2008 година влеговме во процес на антиквизизација, место да одиме кон европеизација. Наместо да одиме 100 години напред, ние отидовме 2300 години назад. Еден процес на антиквизација, кој нас не изолираше, не раскара со сите соседи и кој не донесе ништо добро за државата. Во тоа време немаше никаков напредок во економска смисла, имаше уназадување во демократска смисла, европските извештаи покажуваа дека државата е заробена, институциите злоупотребувани по сите основи., истакна престедателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за „Студио 10″ на телевизија 24.

Треба да знаете
Последни објави