Лидерите на српската опозиција најавија штрајк со глад – бараат поништување на изборите во Белград

Лидерите на коалициската листа „Србија против насилство“ која е второпласирана на вчерашните избори, Мирослав Алексиќ и Мариника Тепиќ, најавија штрајк со глад, ако не се поништат изборите во Градот Белград.

„Ние не сакаме и не смееме да ги признаеме изборите во Белград, затоа што ти е се спротивни на законот и злоупотребени се луѓе од други држави“ изјави Тепиќ на денешните протести што ги организира нејзината коалиција.

Таа додаде дека нејзината пратеничка листа има десетици илјади докази дека изборите не биле регуларни и дека истите ќе бидат доставени до сите надлежни институции.

Треба да знаете
Последни објави