Во седиштето на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) во Нион, со полудиригирана жрепка беа одредени двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Пред извлекувањето на двојките во првата рунда од нокаут фазата 16-те екипи беа поделени во две групи, носители и неносители, при тоа две екипи од иста земја и два учесника во иста група од групната фаза не можеа да се сретнат во осминафиналето.
Актуелниот европски клупски првак, англискиот премиерлигаш Манчестер сити тргнува од Копенхаген во одбрана на шампионскиот треофеј. Во осминафиналето ќе се соочат: Порто – Арсенал, Наполи – Барселона, ПСЖ – Реал Сосиједад, Интер – Атлетико Мадрид, ПСВ – Борусија Дортмунд, Лацио – Баерн, Копенхаген – Манчестер сити, Лајпциг – Реал Мадрид. Првите натпревари од 1/8 финалето ќе се одиграат на 13, 14, 20 и 21 февруари 2024 година, а реваншите на 5, 6, 12 и 13 март.