На 21 декември 2023 година (четврток), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 49. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Преглед на новиот калибриран DSGE модел за македонската економија” од авторите Тибор Хледик, Јан Влчек, Јоана Маџоска и Мите Митески.
По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.
Народната банка објавува повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 20 декември 2023 година (среда).
Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.
На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.
Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.