Верувам дека постојат луѓе кои се дел од бизнисот кои не би сакале да ја видат С Македонија дел од Европската Унија. Ако некој има одреден монопол во државата, тој не би сакал да биде државата дел од пола милијарда луѓе пазар, на кој ќе треба да конкурира со поголеми форми. Сепак, сметам дека најголем бенефит од влегувањето на државата во Европската Унија ќе ја имаат токму тие големи компании, ќе можат да работат на поголем пазар.
Ова денеска го изјави премиерот Димитар Ковачевски во интевјуто во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 на прашањето дали има олигарси кои не би сакале да ја видат државата дел од Европската Унија.
„Знаете ли што значи да работите во еден момент на пазар на 1,8 милиони луѓе и со влезот на ЕУ да станете дел од пазар како компанија на половина милијарди луѓе, кои што е неколку кратко економски помоќен пазар од нашиот пазар. Тоа е поената на интеграцијата во Европската Унија. Со интеграција во ЕУ оди дуплирање на платите во првите пет години, дуплирање на странските инвестиции, дуплирање на бројот на фирми, намалување на невработеноста, регистрација на фирми од други држави во нашата држава“, изјави премиерот.
Даде споредба меѓу земјите од источниот блок и со нашата земја во време на Југославија, во екомонска смисла.
Според него, сите тие земји сега се подобри од нашата земја, само затоа што се дел од Европската Унија.