Путин ги предаде документите за учество на претседателските избори

Рускиот претседател Владимир Путин денеска до Централната изборна комисија поднесе документи за учество на претседателските избори во 2024 година.

Путин во кампањата влегува како независен кандидат. Според законот за претседателски избори, за својата кандидатура мораше да формира група избирачи од најмалку 500 луѓе кои едногласно го поддржаа.

Дополнително доставил лични податоци и сета потребна документација.

Путин е првиот што поднесе документи за номинација за кандидат за претседател на Русија.

Изборите ќе траат три дена, од 15 до 17 март 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави