Под мотото „Да подариме насмевка” по шести пат се одржа традиционална активност на волонтери од Црвениот крст на Град Скопје, кои облечени како суперхероите: Спајдермен, Бетмен и други ликови од бајките во придружба на Дедо Мраз ги посетија децата кои се наоѓаат во Клиниката за детски болести во Скопје и им подарија новогодишни пакетрчиња.
Најмладите кои беа затекната на Клиниката за детски болести во Скопје имаа прилика да се дружат и да се фотографираат со маскираните суперхерои, кои до нив дојдоа движејќи се по јаже.