Јеменските Хути денеска ја презедоа одговорноста за нападите на два товарни брода во Црвеното Море, норвешкиот Свон Атлантик и МСЦ Кларa кој плови под панамско знаме.
Воениот портпарол на групата, Јахја Сареа, на платформата „Х“ објави дека нападите биле извршени со поморски дронови.
Сареа додаде дека нападите биле извршени „во солидарност со палестинскиот народ за време на израелската агресија на Појасот Газа“.
Хутите рекоа дека ќе продолжат со нападите додека Израел не ја прекине војната во Газа, но во саботата рекоа дека олеснувањето на хуманитарната криза ќе помогне да се „забави ескалацијата“.