Ватикан денеска објави соопштение со кое им дозволува на католичките свештенстеници да благословуваат невенчани и хомосексуални парови.
„Такви благослови не треба да се извршуваат со никакви црковни обреди кои оставаат впечаток на брак. Покрај тоа, се наведува, „доктрината за брак не се менува, а благословот не означува одобрување на заедницата“.
Декларацијата беше издадена од Дикастеријата за доктрина на верата и одобрена од папата Франциск.
„Кога двајца ќе побараат благослов, дури и ако нивната ситуација како брачна двојка е „нередовна“, свештеникот ќе може да се согласи“, се вели во соопштението и се додава:
„Меѓутоа, овој гест на пасторална блискост мора да избегне какви било елементи што дури и оддалеку личат на свадбена церемонија“.
Во декларацијата се наведува дека отстапката е „за оние кои не живеат според нормите на христијанската морална наука, туку понизно бараат благослов“.