По жрепката за елитното клупско фудбалско натпреаврување Лигата на шампионите во Нион, седиштето на УЕФА се влечеше и жрепка за второто по ранг натпреварување – Лига Европа. Се извлекоа парови за бараж-дуелите каде се најдоа и отпаднатите екипи кои не ја минаа групната фаза во ЛШ.
Феенорд и Рома играа во историското финале во Тирана во 2022 година кое беше прво во Конференциската лига, а сега овие два тима ќе ги одмерат силите и во Лигата на Европа.
Бараж дуели за влез во осминафинале во Лигата на Европа: Феенорд – Рома, Милан – Рен, Ленс – Фрајбург, Јанг Бојс – Спортинг, Бенфика – Тулуз, Брага – Карабах, Галатасарај – Спарта Прага,
Шахтјор – Марсеј.
Првите натпревари се играат на 15 февруари, реваншите се седум дена подоцна.Победниците од овие мечеви ќе се пласирата во осминафиналето каде веќе се пласирани осум екипи. Новата жрепка за осминафиналните мечеви е закажана за 23 февруари 2024.