Дваесетгодишниот Б.Ј од Богомила е приведен откако при полициски претрес во неговиот дом било пронајдено оружје.
-На 17.12.2023 во 07.30 часот во село Богомила, велешко, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Б.Ј.(20) од село Богомила. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, биле пронајдени и одземени ловечка пушка, две воздушни пушки и неколку патрони за ловечка пушка, кои ги поседувал без дозвола“, информираат од МВР.
Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.