Зграда на средно училиште во Романија денеска се урна, а се стравува дека неколку деца се заробени во урнатините и се уште се трага по нив.
Површината на образовната институција наречена „Тамаси Арон“ во романскиот град Одорхеу Секуеску, која се урна, изнесува 200 метри квадратни, јавуваат романските медиуми кои посочуваат дека на местото на настанот има две противпожарни возила, две екипи на брза помош, камиони, контејнер за депонирање отпад и три екипи за итна помош.
-До овој момент извлечени се три лица, едното беше свесно, второто полусвесно, а третото во тешка состојба. Тие се пренесени во општинската болница. Децата се на 16 и 17 годинишна возраст – велат од спасувачката служба.
Портпаролот на општинскиот совет Зорга Ноеми наведува дека неодамна во дворот на интернатот се вршеле работи за приклучување на објектот со канализациска мрежа и оти можеби тоа влијаело на градбата.