Во Франција синоќа се одржа изборот за мис, а набргу по прогласувањето на победничката, на социјалните мрежи избувна бизарна тепачка.
Имено, како најубава жена се круниса Ев Жил (20) од Норд-Па де Кале со пикси-фризура, а токму овој детаљ ѝ пречеше на француската публика. Тамошната јавност тврди дека жирито намерно ја избрало различноста избирајќи ја андрогината Жил за мис на Франција.
Таа е првата победничка во 103-годишната историја на изборот за мис на Франција која нема долга коса и облини.
Таа ја опиша својата победа како „победа на различностите“ додавајќи дека секоја жена е поинаква и дека сите се уникатни.
„Никој не треба да ви диктира која сте“, коментира таа.
Во Франција победникот го избираат половина од гласовите на публиката и другата половина од жирито. Жил беше трета во јавното гласање, но жирито ја турна на првото место. Овој потег на жирито наиде на неодобрување на социјалните мрежи, а францускиот Х, односно поранешниот „Твитер“, е полн со коментари во сличен дух.
„Мис Франција очигледно станува натпревар за будење со акцент на инклузивноста и повеќе не е натпревар за убавина“, „Одбивам да прифатам дека ова е најубавата жена во Франција“, „Оваа принудна инклузивност почнува лошо да ме нервира“, се дел од коментарите.
Од друга страна, дел од јавноста го поддржа овој избор и беа воодушевени од младата симпатична Ев нарекувајќи ја „вистинско освежување“.
Пратеничката Сандрин Русо се огласи и ја бранеше госпоѓицата Жил: „Значи, во Франција во 2023 година напредокот кон почитувањето на жените го мериме со должината на нивната коса?“