Во денешната израелска офанзива загинале 100 луѓе во Газа

Министерството за здравство на Хамас во Газа потврди дека во денешните напади од израелските воени сили се убиени се околу 100 луѓе, а стотици други се повредени, соопшти портпаролот на Ашраф ал Кудра на социјалните мрежи.

Претходно, Министерството соопшти дека 19.667 луѓе биле убиени во израелските операции во Газа од 7 октомври, кога одговори на нападите на Хамас. Војната започна на 7 октомври кога Хамас изврши напад во јужен Израел и притоа загинаа најмалку 1.200 луѓе, а околу 240 беа земени како заложници.

Треба да знаете
Последни објави