Тајванската претседателка Цаи Инг-вен денеска изрази сочувство и и понуди помош на Кина по смртоносниот земјотрес во кој доцна синоќа загинаа најмалку 116 луѓе, а стотици беа повредени.
„Тајван е подготвен да понуди помош за одговор на катастрофата“, објави Цаи на социјалната мрежа X.
Цаи, исто така, изрази сочувство по претходните природни катастрофи во Кина, вклучително и земјотресот во западната провинција Сечуан минатата година.
Пекинг го засилува притисокот врз островот, каде следниот месец ќе се одржат клучните претседателски избори.