Вулканската ерупција на полуостровот Рејкјанес на југозападниот дел на Исланд, за која населението долго се подготвуваше, започна во понеделникот вечерта северно од рибарското село Гриндавик и продолжи во вторник и може да трае меѓу седум и десет дена. Споменатото место во последните неколку недели го тресеа десетици земјотреси. Околу 4.000 жители беа евакуирани уште во ноември во очекување на ерупција.
Метеорологот Иван Ристиќ за Блиц вели дека дури и жителите на Балканот можеби ќе ги почувствуваат последиците од ерупцијата. Тој изјави и дека никогаш немало поголема вулканска активност на Земјата и дека сите очи сега се вперени во Италија, каде се очекува активност на многу опасен супервулкан.
„Во Гриндавик нема луѓе поради ерупцијата, но тој чад оди во атмосферата и е поврзан и со метеорологијата. Силен северозападен ветер се движи кон Европа. Ќе стигне и до нас, па ќе имаме смог подолу и вулканска пепел горе“, вели метеорологот и додава:
„Се уште нема информации за висината и јачината на ерупцијата и дали ќе има блокада на воздушниот сообраќај, чадот оди токму кон областа каде што летаат авионите и станува опасно.
Ристиќ тврди дека активноста на Земјата е на највисоко ниво на сите времиња. Покрај земјотресите и вулканските ерупции, нè очекуваат и големи климатски промени.
„Ја губиме зимата, а летото станува неверојатно долго. Се најавува дека ќе имаме лето од мај до октомври. Се е поврзано со земјотреси и вулкани. Сите вулкани се активни, имаме рекорден број земјотреси на планетата. Италија е најопасна, има супервулкан кој се буди на секои илјада години Сега е 900-та година од последната ерупција, се очекува да еруптира во следните сто години“, предупредува метеорологот Ристиќ.