Џорџ Клуни го потврди снимањето на четвртиот дел од франшизата „Играј ја својата игра“

Џорџ Клуни потврди дека е во подготовка четвртиот филм од франшизата „Играј ја својата игра“ (Оушн).

Актерот и режисер изјавил дека сценариото е веќе напишано и дека приказната ќе се одвива по настаните од филмот „ Оушн 13“.

-Сега имаме навистина добро сценарио за уште еден филм „Играј ја својата игра“, па веројатно ќе направиме уште еден. Тоа е всушност одлично сценарио“, изјави Клуни.

Клуни додаде дека филмот нема да се вика „Оушн 14“.

-Па… не сакам да го наречам така… Мислам, идејата е нешто како филмот „Going in Style“.

„Going In Style“ е комедија за грабеж од 1979 година во режија на Мартин Брест, во која главните ликови се тројца постари мажи без криминално искуство кои се обидуваат да ограбат банка. Филмот првпат беше рекреиран од Зак Браф во 2017 година со Морган Фримен, Мајкл Кејн и Алан Аркин како постари граѓани, пишува НME.

Треба да знаете
Последни објави